Подготвени локациите за 8 центри за откуп на земјоделски производи

Bez autora
Oct 10 2011

Осум локации коишто се наменети за изградба на откупно-дистрибутивните центри за откуп на земјоделски производи, се подготвени и наскоро ќе бидат објавени за продажба по почетна цена од 1 евро за квадрат. Станува збор за локации во Ресен, Кочани, Свети Николе, Валандово, Облешево, Врапчиште, Штип и Демир Капија. На денешната седница на Економскиот совет, беа разгледувани, и повеќе информации од сферата на земјоделството, инфраструктурата, експлоатација на геотермални води, образование и здравство. Една од темите беше по информацијата за формирање на Академијата за менаџери во Скопје, проект во кој ќе бидат вклучени Министерството за образование и наука, стопанските комори во земјата, како и реномиран странски универзитет. Целта на академијата ќе биде да се вршат специјализирани обуки за домашните менаџери од повеќе области кои што се значајни за нивната секојдневна работа, а истовремено ќе се работи и на научно-истражувачка дејност од областа на менаџментот и економијата.

Подготвени локациите за 8 центри за откуп на земјоделски производиОсум локации коишто се наменети за изградба на откупно-дистрибутивните центри за откуп на земјоделски производи, се подготвени и наскоро ќе бидат објавени за продажба по почетна цена од 1 евро за квадрат, беше заклучено меѓу другото на денешната редовна седница на Економскиот совет со кој претседаваше премиерот Никола Груевски.

Станува збор за локации во Ресен, Кочани, Свети Николе, Валандово, Облешево, Врапчиште, Штип и Демир Капија, информираат од прес-службата на Владата.

На денешната седница на Економскиот совет, беа разгледувани, и повеќе информации од сферата на земјоделството, инфраструктурата, експлоатација на геотермални води, образование и здравство.

Една од темите беше по информацијата за формирање на Академијата за менаџери во Скопје, проект во кој ќе бидат вклучени Министерството за образование и наука, стопанските комори во земјата, како и реномиран странски универзитет. Целта на академијата ќе биде да се вршат специјализирани обуки за домашните менаџери од повеќе области кои што се значајни за нивната секојдневна работа, а истовремено ќе се работи и на научно-истражувачка дејност од областа на менаџментот и економијата. Во тек се подготвителните активности, а Академијата за менаџери се очекува да започне со работа во текот на следната година.

Во делот на инфраструктурата, денеска беше разгледувана информацијата за динамиката на активностите за изградба на технолошко-индустриските развојни зони, како и информацијата за процесот на урбанизација на касарните. Приотоа, членовите на Економскиот совет беа информирани дека постапките за урбанизација на касарните е завршена во општините Струмица, Дебар, Дојран, Гевгелија, Кочани, Кичево, Битола, Аеродром, Куманово и Велес, додека во тек е постапката во Карпош, Бутел, Радовиш и Охрид.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik